Поглаварот на Католичката црква оствари средба во саботата со делегација од СПЦ, на чело со Митрополит Црногорски-приморски Амфилохије, епископот бачки(Иринеј Буловиќ) и амбасадорот на УНЕСКО Дарко Танасковиќ, кој беше и поранешен српски амбасадор во Ватикан.

На иницијатива на патријархот Иринеј, доставена како писмо во јули, средбата била одржана во саботата. Писмото иако беше чувано како голема тајна, излезе во еден хрватски весник. Според објавените информации на “Јутарни лист” Патријархот го замолил папата членовите кои биле во делегацијата да ги прифати како вечни амбасадори на СПЦ за непосреден дијалог со Светата столица.
Разговорот помина во медиумска изолација. Се претпоставува дека главните теми на разговор биле евентуалната канонизација на Алојзија Степинац и евентуалното доаѓање на папата во Србија, која освен Русија досега не ја посетил ниту еден папа.
Ситуацијата со неговото доаѓање е малку комлицирана, бидејќи претседателот Томислав Николиќ веќе два пати го покани папата да ја посети Србија. Сега се чека повик и од српската патријаршија, бидејќи политиката на римокатоличкиот врв е да папата не влезе во земја во која мнозинството на верската организација е против неговото доаѓање.
Српскиот патријарх Иринеј изјави дека нема ништо против ако папата го посети Белград, а единствено што е важно да се разграничи дали доаѓа како државник или римски бискуп. Неговата изјава е протолкувана како негова согласност папата да дојде како државник, по можност да се оствари средба од куртоазија, но и против противењето на СПЦ, Франциско да дојде во својство на римски бискуп поради “тежината на минатото”.
Иако одлуката за доаѓањето на папата би требало да ја донесе Светиот архиерејски Синод, многумина сметаат дека последниот збор за тоа го има Москва. Рускиот протојереј кој е единствениот поглавар кој никогаш не се сретнал со папата до неодамна беше противник на ваквиот вид контакти. Изборот на папата Брегоља на престолот Света Петра и неговата нескриена желба да ги редефинира односите со Истокот влијаеле на цврстите ставови на Патријархот на РПЦ – Кирил.
На страна од папската посета во Србија во предвид е земено и одбивањето на Светата столица да го признае Косово како независна држава како и папската одлука во процесот на канонизација на Алојзија Степинац. Неговата улога за време на втората светска војна била предмет на преписки меѓу Патријархот Иринеј и папата Франциско .
.