255
„Во ракетен напад се оштетени три електрани“, објави на мрежата Телеграм градоначалникот на Лавов, Андриј Садовји, додавајќи дека поради тоа пумпните станици престанале да работат.
Садовји соопшти дека е повредено најмалку едно лице. Украинските медиуми пишуваат дека неколку населби во Лавов останале без струја.
Бомбардирани се и регионите на Виница, Одеса и Кировоград, а се уште не се знае колкава е штетата таму.