84
За пет дена во Грција влегле 48.000 бегалци, што е највисока бројка годинава, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција, повикувајќи се на податоците од 21 октомври.
Амин Авад, директор за Блискиот Исток во Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци, изјави дека руските воздушни напади ги зголемиле тензиите во околината на сирискиот град Алепо што придонеле за „динамика на раселувањето“.
Тој додаде дека бројот на внатрешно раселени лица во Сирија се намалил од 7,6 милиони луѓе на 6,3 милиони лица, што може да го зголеми бегалскиот бран кон Европа./МИА