332
Властите во Хонг Конг престанаа да ја користат вакцината против коронавирус на „Фајзер“, а како причина за тоа наведоа грешка во пакувањето.
Вакцинацијата во Хонг Конг се одвива бавно, поради недовербата на граѓаните во кинеската вакцина Синовак.
Вакцината на „Фајзер“ нема да се користи додека не се спроведе истрага, пренесува „Ројтерс“.
Хонг Конг започна со вакцинација со Синовак во февруари, а овој месец беше понудена и вакцината на „Фајзер“.
Според податоците на владата, минатата недела, двојно повеќе луѓе изразиле желба да се вакцинираат со вакцината на „Фајзер“отколку со Синовак.