270
Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 3.164 нови случаи на заразени со коронавирус, а 49 лица починале, објави во четвртокот Националниот штаб за цивилна заштита.
Бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 17.814, меѓу нив 1.944 пациенти се на болничко лекување, од кои 204 пациенти се на апарати за дишење.
Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, 93.879 лица биле заразени со коронавирус, од кои 1.200 починале.
Вкупно закрепнаа 74.865 луѓе, од кои 2.192 во последните 24 часа.
Во моментов има 39.389 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 649.551 лице, од кои 8.770 во последните 24 часа.