Во Иран апсења на фотомодели, фотографи и шминкери: Неисламското е неморално

од desk3
109 прегледи

Модните списанија во Иран се забранети. Кој сака да покаже модна ревија со незабрадени манекенки, има само еден излез – да го организира нелегално. Полицијата неодамна уапси десетици луѓе за “неисламски слики” на Инстаграм-пишува DW.

0,,19261401_303,00

Претседателот на иранскиот суд за криминал Џавад Бабаје изјави за иранската државна телевизија дека станувало збор за фотографии на незабулени манекенки поставени на платформата за споделување на фотографии- Инстаграм. Различни ирански медиуми прецизираа дека биле приведени најмалку 8 фотомодели, од кои 7 млади жени, како и неименуван број фотографи и шминкери. Во текот на истрага наречена “Пајак II”, започната пред 2 години, се откриени вкупно 170 сторители: фотографи и шминкери уметници, модели и менаџери на модни куќи. Ова се вели во официјалното соопштение на специјализираниот суд. Бабаје соопшти дека обвинението против нив е за “ширење на неморални содржини и неисламска култура”. Против 21 други осомничени прекршители исто се поведени кривични дела. Фирмите на засегнатите лица биле затворени, а нивните профили во Инстаграм и Фејсбук – блокирани.

 

Москва ја сака Германија без Меркел

 

Андерграунд мода

По Иранската револуција во 1979 година не само жените во оваа земја треба да ги покриваат главите на јавно место. Со шамии се дури и пластичните кукли по излозите на продавниците. Модните списанија во Иран се забранети. Кој сака да одржи модна ревија со незабрадени манекенки, има само еден излез – да ги организира нелегално. Веќе неколку години за слични манифестации се користат онлајн-порталите, Инстаграм и Телеграм. Околу 60 проценти од иранските корисници на Инстаграм, на пример, ги следат содржините на предметните модни страници.

0,,16724466_401,00
Во пренос емитуван на иранската телевизија една од приведените модели претставена како Елхам Араб, изјави “доброволно” пред обвинителот дека искрено жали за објавените од неа слики без марама. Покрај тоа апелираше до иранските жени да не ја повторуваат нејзината грешка. Араб вели уште дека за своите активности како манекенка добивала 2 900 евра месечно. Минималниот месечен приход во Иран изнесува околу 175 евра.
Опасност од “западна културна инвазија”

Владата на претседателот Хасан Рохан не ги следи особено строго за примените на исламските канони, но за оваа задача се посветени конзервативните свештеници, како и правда на земјата. Според нив, објавувањето на фотографии на незабрадени жени го загрозува иранското општество, бидејќи ги оддалечува луѓето од исламските вредности. Иранските духовници постојано ги предупредуваат луѓето да не подлегнуваат на “западната културна инвазија” – не само во светот на модата, но исто така и во музиката, филмот и телевизијата.

веќе неколку години во земјата се забележува извесно олабавување на строгите норми за забулување. Особено во поголемите градови, како престолнината Техеран, многу млади жени веќе не носат шамии силно пристегнати околу главите. Конзервативните клерикални средини, кои имаат силно влијание и врз полицијата, се силно загрижени од овој развој. Шефот на полицијата во Техеран најави минатиот месец дека 7 000 тајни контролори ќе следат по улиците дали жените го почитуваат “исламскиот начин на облекување”.