Во Иран започнаа разговорите меѓу талибанците и авганистанските власти

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф денеска во Техеран ги отвори разговорите меѓу талибанците и претставниците на авганистанските власти, а состанокот се одржува додека американските сили се повлекуваат од Авганистан.

Зариф во видео порака ги повика „авганистанскиот народ и политичките лидери“ да донесат одлуки за иднината на земјата, додека талибанците воено напредуваат на теренот со повлекувањето на американските сили.

Како што соопштија денеска локалните власти во Авганистан, талибанците започнале офанзива врз главниот град на провинцијата Багдис на северозапад.

„Непријателот влезе во градот (Кала-и-Нав), паднаа сите области (провинции) и започнаа борби во градот“, изјавија локалните власти.

Откако Вашингтон започна да ги повлекува своите трупи од Авганистан на 1 мај, талибанците ја засилија офанзивата за да ја преземат контролата врз руралните области на земјата.

Слични содржини