Во Истанбул денеска беше отворен заедничкиот координативен центар за следење на спроведувањето на договорот за прехранбени производи, а турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека продолжуваат подготовките за поаѓање на првите бродови од украинските пристаништа.
На отворањето на центарот на Универзитетот на Министерството за одбрана на Турција, Акар рече дека тој треба да овозможи безбедна испорака на жито од три украински пристаништа, каде што повеќе од 25 милиони тони жито чекаат за извоз во магацините, пренесува Ројтерс.
Турскиот министер за одбрана додаде дека активноста на центарот, во кој членуваат претставници на Русија, Украина, Турција и ОН, ќе бидат координирани од ОН, пренесе „Спутник“.