Во Италија најмалку починати во еден ден од 17 март

од Stefanija Kuzmanovska

Во Италија во изминатите 24 часа починаа 415 лица од коронавирусот, што е најмал број на смртни случаи во еден ден од 17 март, соопшти Службата за цивилна заштита.

Бројот на новозаразени е најмал во последните пет дена и изнесува 2.357, пренесува „Ројтерс“.

Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 26.384, додека вкупниот број на потврдени случаи достигна 195.351. Од коронавирусот се опоравиле 63.120 пациенти.

Слични содржини