Во Италија уапсени се 12 мажи осомничени за педофилија, меѓу нив и експерт за заштита на деца

од Milan1
36 прегледи

Италијанската полиција денеска уапси 12 мажи, меѓу кои и наводен експерт за заштита на децата, како дел од истрагата за педофилија и детска порнографија. Полицијата поднела обвиненија против уште 14 лица и запленила компјутери во кои имало десетици илјади датотеки со детска порнографија, пренесува Анса.

Биле извршени 26 рации на околу 20 места, вклучувајќи ги Рим, Венеција и Милано, по следење на околу 130 онлајн групи каде што прекршителите споделуваа нелегален материјал.

Сите осомничени се мажи на возраст меѓу 22 и 69 години, вклучително и маж кој тврди дека е поврзан со програми за заштита на децата, но полицијата се сомнева дека тоа било алиби.

Акцијата со кодно име „Viper 2“ произлезе од тајната акција на специјалната полиција од Венеција, при која се уапсени 28 лица и извршени се 60 претреси.

Слични содржини