Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти

од Andreja Salpe
369 прегледи

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирус.

Вкупно 446 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, известува Министерството за здравство.

Во последното деноноќие на Интерните и хируршки клиники имало 5 приеми.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 примени пациенти и 6 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за детски болести имало два приеми. На Институтот за физикална медицина исто така немало примени.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 38 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 156 пациенти, велат од здравство.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 125 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 128 пациенти, додека на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 14 пациенти. На Клиниката за детски болести има 1 дете позитивно на Ковид-19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 17 болни.

Од ресорното министерство додаваат дека бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 290 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, потенцираат здравствените власти.

 

 

 

 

 

 

 

Слични содржини