Во изминатите 24 часа во Скопје хоспитализирани само 6 пациенти како последица на Ковид19

од Andreja Salpe
338 прегледи

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, соопшти Министерството за здравство. Вкупно 151 лице сомнително и потврдено за ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 2 приеми, додека дома се пуштени 20 оздравени пациенти.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.

И покрај намлениот број на заразени мерките донесени од Владата ќе важат до 1 јуни, а потоа ќе се носат нови во заисност од епидемилошката состојба. Тоа значи дека маските и на отворено и натаму ќе ги носиме, а рестораните и другите угостителски објекти се надеваат дека ќе можат да организриаат веселби, но со строги протоколи.

Слични содржини