Во јавување во живо за Би-Би-Си, секс-играчка ѝ останала на полицата

од Stefanija Kuzmanovska
260 прегледи

Би-Би-Си имаше емисија за невработеноста во времето на пандемијата на коронавирусот. Нивна гостинка беше Ивет Амос од Велс, кој се вклучи во програмата преку zoom и зборуваше за своето искуство.

Меѓутоа, нејзината приказна не ги окупираше гледачите, туку нивното внимание го освои она што стоеше зад неа, а тоа се чини дека беше поголема секс-играчка.

Новинарот Грант Такер ја коментираше смешната сцена на својот профил на Твитер:

„Можеби најдобриот пренос во живо на Би-Би-Си. Секогаш проверувајте ги полиците пред да одите во етер“.

Со оглед на тоа каде Ивет ја сместила играчката, на социјалните мрежи се дискутираше за тоа за што всушност истата служи.

Некои рекоа дека можеби станува збор за свеќа или скулптура која држи книги, а некои претпоставуваат дека секс-играчката завршила во позадина по грешка.