Во карантинот, Џ.Р.Р. Мартин се „врати“ во Вестерос

од Elena Daskalova
412 прегледи

Во изолација, на авторот на „Игра на тронови“, му се вратила инспирацијата и тој повторно се посветил на приказната која речиси целиот свет ја обожава.

Тој смета дека може да биде доволно креативен сега, кога нема продукција на серијата, и конечно може да ја заврши приказната, односно книгата „Ветрови на зимата“ која фановите ја чекаат речиси цели 9 години.

Она што засега е сигурно е дека Мартин ќе го продолжи делото според својата замисла, а не според крајот на серијата, кој продукцијата мораше самата да го смисли, затоа што последниот дел од книгите не е напишан.

„Поминувам повеќе време во Вестерос отколку во реалниот свет, пишувам секој ден. Нештата се мрачни во Седумте кралства“, напиша на својот сајт Мартин. Тој имаше идеја кога почна продукцијата на серијата да ги напише и „Ветрови на зимата“ и „Соништата за пролетта“, но не успеа во тоа.

Крајот, секако е неизвесен, а она што е сигурно е дека публиката едвај чека да види како Мартин го замислил завршувањето на неговиот фикциски свет.

Слични содржини