Во Кавадарци и Велес пронајдена дрога

На 13.02.2026 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода 44-годишната Е.Д. и А.К.(40), двајцата од Кавадарци, затоа што при преглед кај нив, кај Е.Д била пронајдена и одземена марихуана.

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ТВ Алфа

На 13.02.2026 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода 44-годишната Е.Д. и А.К.(40), двајцата од Кавадарци, затоа што при преглед кај нив, кај Е.Д била пронајдена и одземена марихуана.

Подоцна, извршен бил претрес со наредба од Основен суд Кавадарци во домот А.К,, при што биле пронајдени и одземени жолта грутчеста материја, епрувета со жолта материја, дигитална вага и црна грутчеста материја.

На 13.02.2026 во 15:50 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Н.Ц.(32) од Велес затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

Исто така, со судска наредба, извршен бил претрес во домот на Н.Ц., каде биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, дигитална вага и пари.

Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.