Во Кавадарци започна реконструкција на неколку улици

од desk4
194 прегледи

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев денеска соопшти дека е започната реконструкцијата на улицата „Максим Горки“, што е дел од „Проектот за поврзување на локални патишта“.

Од кабинетот на Јанчев велат :
– На општината Кавадарци и се доделени средства од Владата на Македонија преку заемот на Светска банка, во износ од 1.112.010 евра, кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура. Во овој проект се и улиците „Слога“, ,Димката Ангелов Габерот“ и „Вељко Влаховиќ“ во трета фаза.

Од кабинетот додадоа дека Општина Кавадарци во континуитет работи на санирање на полските патишта. Изминатите неколку денови се работеше на санација на полските патишта во атарот на месноста Овчка река. Се продолжува понатаму и во месноста Смилица, како и атарите на селата Глишиќ, Марена и Сопот.

Слични содржини