156
Украинските сили во Киев од почетокот на руската инвазија уапсиле 127 диверзанти, вклучително и 14 групи за инфилтрација, изјави шефот на воената управа на главниот град Никола Жирнов.
Жирнов вели дека блокадите на патиштата биле клучни за фаќање проруски агенти, кои Украина ги обвинува за саботажа и инфилтрација.
„Тие се основа за утврдувања, инженерски бариери, контролни пунктови за возила и луѓе, како и за изградба на други системи, вклучително и оние за боева муниција“, рече Жирнов, пренесува новинската агенција УНИАН.
Со 35 пазари и 635 отворени продавници, Киев има доволно залихи на храна, вели тој, дури и за долгорочна одбрана.