Во Киев сменети имињата на 95 улици

од Берта Китинска
186 прегледи

Киев, главниот град на Украина, денеска ги смени имињата на 95 улици како дел од акцијата за „прочистување“ на руските и советските имиња, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

„Новите имиња треба да го овековечат сеќавањето на значајните историски настани на Украина, како и на познати личности и херои кои ја прославија Украина и се бореа за независноста на нашата земја“, рече Кличко на Телеграм, пренесе Ројтерс.

Слични содржини