Во Кина одобрија план за создавање на првиот интернет суд во земјата

од Vladimir Zorba
58 прегледи

Планoт за создавање на првиот интернет суд во Кина беше одобрен на 36-тата седница на ЦК на Комунистичката партија на Кина за продлабочување на реформите, соопшти Телевизискиот канал CCTV. Првиот интернет суд ќе биде во градот Хангжу, провинција Џадзјан и во него ќе се разгледуваат случаите поврзани со криминал.

Се забележува дека судскиот систем на градот веќе гледа бројни дела за криминалот и нивниот број постојано растe. Во 2013 судот разгледал околу 600 такви дела, а минатата година нивниот број бил веќе над 10 000.

Интернет судот ќе гледа дела за измама во онлајн трговијата, за склучување договори онлајн, за кршење на авторските права на интернет.

Сите судски постапки, од поднесување на тужбата ќе се водат на сајтот на судот. Судските рочишта ќе одат онлајн преку видео врска во реално време.