Во Кина откриен случај на бубонска чума

од Stefanija Kuzmanovska
215 прегледи

Во автономниот регион на северозападна Кина, Нингси Хуи, откриен е случај на бубонска чума, позната и како Црна смрт, поради што е издадено четвртото ниво на предупредување за да се спречи ширењето на оваа многу опасна бактерија Yersinia pestis.

Четвртото ниво на тревога значи дека здравствените служби на Нингси Хуи ќе го третираат пациентот со сите расположливи средства и ќе спроведат соодветни антиепидемиски мерки за да се осигураат дека нема ширење, објави кинескиот „Глобал тајмс“.

Се смета дека бубонската чума е најсмртоносната пандемија во историјата на човештвото и досега убила меѓу 75 и 200 милиони луѓе во Евроазија и Северна Африка, а врвот го достигнал бранот во Европа во 14 век, кога се верува дека убила 30 до 60 проценти од европското население.

Слични содржини