Во Кина пораст на бројот на заразени со СИДА меѓу постарите лица

од Stefanija Kuzmanovska
415 прегледи

Постарите лица во Кина станаа најбрзо растечката група заразени со ХИВ во земјата откако бројот на нови случаи на сида кај мажи на возраст од 60 и повеќе години се зголеми за петпати во периодот од 2010 до минатата година, според Светската здравствена организација (СЗО).

ХИВ е дијагностициран кај околу 37.000 лица на возраст од 60 и повеќе години во Кина минатата година, вклучувајќи 77 проценти од мажите, кои сочинуваат 25 проценти од вкупниот број на нови случаи на ХИВ, според СЗО.

Истражувачот на универзитетот во Пекинг, Тао Лин, рече дека зголемувањето на случаите на сида кај постарата популација не добило подеднакво внимание во јавноста во споредба со помладите групи како студентите.

Според него, поради зголемувањето на животниот стандард, повеќе постари луѓе имаат повеќе пари и слободно време, а некои од нив немаат соодветна свесност за заштита, се додава во написот.

Податоците на СЗО покажуваат дека минатата година ХИВ бил потврден кај 1,7 милиони луѓе во светот, од кои околу 150.000 во Кина.

Слични содржини