Во Кина повлечени 1,2 милиони возила на Tesla

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Според агенциите, 1,2 милиони возила на Tesla во Кина ќе имаат потреба од поправки преку две посебни повлекувања.

Најзначајното повлекување влијае на 871.087 возила Model 3 и Model Y произведени и продадени во Кина. Овие електрични возила се произведени помеѓу 3 јануари 2022 година и 23 септември 2023 година и се опремени со електронски систем за серво управување што можеби нема да обезбеди доволна помош при управувањето.

Во соопштението на кинеската државна управа за регулирање на пазарот (SAMR) се вели дека ова може да доведе до дефект на електронскиот серво волан. Добрата вест е дека проблемот може да се реши со едноставно ажурирање на софтверот.

Второто повлекување вклучува 335.716 возила и се однесува на дефект на задната камера. Тоа е истиот проблем што неодамна поттикна отповикување на речиси 240.000 модели на Tesla во САД.

Во Кина, повлекувањето вклучува увезени Model S и Model X, како и локално произведени Model 3 и Model Y направени помеѓу 16 јули 2023 година и 14 декември 2024 година.

Слични содржини