176
Четириесет и девет затвореници загинаа за време на ноќните немири во затворот во југозападниот колумбиски град Тулуа, изјави денеска претседателот на националната затворска агенција Тито Кастеланос.
„Тоа е трагичен и катастрофален настан“, изјави Кастеланос за локалното радио Каракол, додавајќи дека 30 лица се повредени, пренесува „Ројтерс“.
Колумбија најави дека ќе ослободи илјадници затвореници среде епидемијата на коронавирусот во 2020 година, откако затворениците се побунија поради гужвите и недостатокот на санитарни услови.