284
Ракетен фрлач бил пронајден во контејнер за ѓубре во близина на основно училиште во Загреб, пренесува „24сата.хр“.
„Прво пристигна една патрола, а потоа и друга. По нив дојдоа пиротехничарите. Сликаа се, ја зедоа зољата и ја ставија во автомобилот“, рекол човекот кој го пронашол оружјето.
Од полицијата потврдија дека зољата била празна и поради тоа безопасна, а полицајците постапиле според прописите. Повеќе детали ќе се соопштат откако ќе се утврдат сите околности.
Фото: 24сата.хр