Во Косово запленети два тона македонски мед, Шверцерот побегнал во планина

од Milan1
337 прегледи

Денеска околу пладне, во село во близина на косовско-македонската граница, запленети биле 2.000 килограми мед, кои со возило комбе биле илегално внесени во Косово од македонска територија, пренесуваат косовските медиуми.

Според соопштението на косовската полиција, патролата на пограничната полиција го забележала сомнителното комбе во селото Дебелде, во близина на градот Витина.

Комбето било запрено при обид да изврши нелегална трговија со медот, додека возачот го искористил планинскиот терен и успеал да побегне во непознат правец.

Возилото и товарот се запленети и предадени на царинските служби на Косово.

Слични содржини