Во Кoсово започнува пописот на населението

од Симе Стоиков
157 прегледи

На Косово денеска почнува пописот на населението при што ќе се собираат податоци за бројот на жители, социјалните и друштвените услови за живот.

Пописот ќе трае до 17 мај, а попишувачите како што се наведува ќе работат и за викенди, кога граѓаните се дома.

Хазбије Керичи од Агенцијата за статистика во Приштина изјави дека прелиминарните резултати од пописот ќе бидат објавени три месеци по завршувањето на процесот, објави претходно Коха.

Според последниот попис спроведен во 2011 година, на Косово имало 1,7 милиони жители, со напомена дека пописот не бил спроведен во четири општини на северот, а во другите општини Србите учествувале само делумно.

Слични содржини