Во Ковид центрите низ земјава се лекуваат 670 пациенти болни од Ковид 19, слободни 600 болнички капацитети

205 прегледи

Во изминатото деноноќие, на клиниките во земјава се пријавени дека се лекуваат вкупно 670 позитивни и суспектни пациенти на Ковид 19, а има околу 600 празни болнички кревети во инфективните оддели, соопштија од Министерството за здравство.

– Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, се додава во соопштението.

Инаку, во болниците низ земјава надвор од Скопје се лекуваат вкупно 391 пациент.  По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 32 болни, а во Куманово 57 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 48 во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 27 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 29 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 16, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 8 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

„Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, се додава во соопштението од МЗ.

Слични содржини