Вкупнo 760 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава и има околу 915 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.
Податоците покажуваат дека 324 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, додека во болниците во земјата се лекуваат 436 пациенти позитивни и сомнитлени на коронавирус.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 9 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 2 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 примени пациенти и 4 билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 34 оздравени пациенти.
Во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 99 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 115 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 96 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 8 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на ковид -19. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 5 болни.
Во болницата во Битола се лекуваат 51 пациент, во Штип се хоспитализирани 52 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 11 пациенти, во Велес – 50, Куманово – 53, Охрид – 50, Прилеп – 39, Гостивар – 15, Струга – 16 , Струмица – 40 , Кочани – 19, Кичево – 9, Кавадарци – 25, и во Гевгелија – 6 пациенти.