Во Кривичниот суд продолжува судењето за случајот „Ласкарци“

од Radmila Tasevska
150 прегледи

Во Основниот кривичен суд Скопје денес ќе продолжи судењето за случајот со директно испитување на бранителот на шестообвинетиот за несреќата што пред четири години се случи кај местото Ласкарци, a во која загинаа 16 лица и повеќе од 30 беа повредени.

На денешното рочиште, обвинителот Дарко Јакимовски, рече дека нема прашање за присутните вештаци, а доколку денеска отсутниот вештак Зекирија Зекири се појави на некое од следните рочиште, го задржува правото да продолжи со негов распит.

Инаку на претходното рочиште се испитуваа вештаци од тимот што го изготви машинското супервештачење, во отсуство на вештото лице Зекирија Зекири, за кое, поради болест, претходно во неколку наврати имаше одложување на процесот.

За потсетување обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

 

Слични содржини