202
Најмалку пет лица загинаа, а 50 се повредени доцна синоќа кога камион-цистерна со дизел гориво се запали во град во јужна Либија, соопштија медицински и безбедносни извори.
Сликите објавени на интернет од локални жители покажуваат јагленисан камион и неколку други јагленосани возила од двете страни на патот во областа Езвеја, пренесува „Ројтерс“.
Засега не е јасно дали меѓу жртвите е и возачот на камионот.