Синоќа во Ливерпул беше организирана првата голема британска забава од воведувањето на локдаунот. 3.000 луѓе се забавуваа во ноќниот клуб „Циркус“, а истото ќе се случи и денес.
Тоа е нов проект кој има за цел да го испита потенцијалниот пренос на коронавирус во случај кога сите собрани имале негативен тест, пишува Блиц.
Како и во „старите добри времиња“, луѓето се гушкаа, се бакнуваа, не држеа растојание или не носеа маски.
– Тие ги охрабруваа луѓето да танцуваат, да се потат, да уживаат – накратко, да се однесуваат како сè да е нормално – рече еден од учесниците.
Сепак, не беше сè како што беше пред ковид 19. Забавата траеше од два попладне до единаесет навечер, а пред клубот имаше шатор со истражувачи кои го следеа однесувањето на учесниците.