Во Лондон формиран специјален тим за спас на ноќниот живот

од Milan1
26 прегледи

Градоначалникот на Лондон Садик Кан формираше специјален тим кој треба да помогне во зајакнувањето на ноќниот живот во Лондон и да ги спаси местата што се изложени на ризик од затворање. Ова следи по предупредувањата дека ноќниот живот во Лондон и натаму се бори со последиците на ковид пандемијата и брегзит, како зголемени кирии, пад на посетеност, проблеми со ангажирање персонал и зголемени трошоци за живот.

Таканаречениот Специјален тим за ноќен живот составен од 11 независни професионалци од секторот е формиран за да ги разгледа предизвиците и можностите на „ноќната економија“ и да најде начини за нејзино подобрување. Кан вели дека оваа економија е клучна за успехот на Лондон, но се соочува со низа предизвици.

„Решен сум да направам сѐ што можам и да работам заедно со нашата ноќна индустрија, поради што ја составив оваа независна група од експерти за да ги испита можностите и да ги реши проблемите со кои се соочува индустријата“, додаде Кан.

Минатата година, претставниците на секторот кажаа во градското собрание дека ноќните клубови се доведени до раб на затворање поради строгите закони за лиценцирање, проблемите со криминалот и зголемените трошоци.

Слични содржини