Во Лондон пред погребот на кралицата се одржува најсложената безбедносна операција досега

од Stefanija Kuzmanovska
191 прегледи

Во Лондон во тек е една од најкомплексните безбедносни операции во историјата на градот пред погребот на британската кралица Елизабета Втора, на кој ќе присуствуваат бројни светски лидери и членови на кралските семејства.

Британската контраразузнавачка и безбедносна агенција МИ5 и службата за разузнавање и безбедност, Националниот штаб за комуникации работат зад сцената со антитерористичката полиција за да се осигура безбедноста на јавноста и светските лидери, кои треба да пристигнат во Лондон во наредните денови за да присуствува на погребот на кралицата.

Лондонската полиција добила засилување од силите ширум земјата, а во безбедноста се вклучени и припадници на војската и цивилната одбрана.

Слични содржини