Првиот ресторан кој ќе нуди храна произведена со 3D печатач, ќе ги отвори вратите во Лондон утре.
Локалот за јадење ќе биде отворен во рамките на конференцијата “3D Printshow London” и ќе биде достапен само во деновите на настанот, кој ќе се одржи од 21 до 23 мај.
Според организаторите, чија цел е да се фрли светлина врз можностите на технологијата за 3D печатење, мајстор готвач бил поканет да подготви мени од три јадења, кои ќе бидат служени на посетителите во ресторанот. За нивната подготовка ќе бидат искористени само свежи и сезонски производи, а за оние кои сакаат ќе има и презентации за подготовката на јадењата.
“Гастрономската револуција продолжува не само за да најде нови начини за презентација и подготовка на нашата храна, но и за креативни начини за нејзиното создавање. Од печатење на 3D машини за чоколадо, кои создаваат изработена по нарачка храна за забави, до микроинженерските прехрамбени печатачи, ние полека се насочуваме кон синтеза на цели јадења “, вели во соопштението основачот на настанот Кери Хогарт.