Во Мадрид повторно протест на земјоделците

од Radmila Tasevska
252 прегледи

Во главниот град на Шпанија, Мадрид денеска повторно се одржува протест на земјоделците.

Илјадници земјоделци со неколку десетици трактори на пладне протестираа пред Министерството за земјоделство. Демонстрантите истакнаа транспаренти на кои пишуваше „Селото се распаѓа, но на власта не ѝ е грижа“.

Шпанските земјоделци речиси континуирано протестираат од 1 февруари, најчесто со блокирање патишта. Како и нивните европски колеги, шпанските земјоделци протестираат против конкуренцијата од земјите надвор од ЕУ, која ја сметаат за нефер и нелојална, бидејќи не подлежи на истите правила.

Во исто време, протестите се насочени против „домашната“ и бирократијата на ЕУ, поради прописите што ги сметаат за комплицирани. Тие тврдат и дека откупните цени за нивните производи се прениски, а се жалат и на недостиг на помош за земјоделскиот сектор.

Шпанскиот министер за земјоделство Луис Планас од почетокот на протестите неколку пати ги прими земјоделците. Тој вети дека ќе изврши притисок во Брисел да ги поедностави регулативите и да го подобри шпанскиот закон за синџирот на исхрана, со цел да ги спречи земјоделците да ги продаваат своите производи со загуба.

Слични содржини