Ако нешто е карактеристично за животот во Македонија, тоа е дека убавината нè придружува на секој чекор. Утринската светлина над Охридското Езеро, погледите од врвовите на Пелистер и Шар Планина, убавината на Матка, архитектурата во Крушево, шареноликоста и духот на чаршијата – погледи кои едноставно повикуваат на фотографија. Не е ни чудо што фотографираме повеќе од кога било до сега. Секој излет, секој концерт, секој спонтан момент со пријателите покрај трпезата станува нова приказна во нашата галерија. Овие приказни се многубројни, а меморијата на телефонот се полни побрзо отколку што би сакале да признаеме.
Затоа потребен ни е телефон што го разбира нашиот ритам. Не само моќност, туку и интелигенција која се грижи создавањето содржини да тече без никакви пречки. Новата Samsung серија, која ги вклучува телефоните Galaxy S26, Galaxy S26+ и Galaxy S26 Ultra, е дизајнирана токму за тоа. Му ги олеснува секојдневните задачи на корисникот, обезбедува побрза работа и овозможува да се фокусираме на моментот, а не на технологијата.
Galaxy S26 Ultra е најмоќниот претставник на серијата. Неговиот прилагоден процесор Snapdragon® 8 Elite Gen 5 за Galaxy овозможува брза работа без пречки, што е клучно кога снимаме, уредуваме и споделуваме содржини во истиот ден. Телефонот е дизајниран за целодневна употреба, со ефикасно управување со енергијата и подобрено ладење, кое се грижи уредот да остане стабилен дури и при најкомплексните задачи. Супер брзото полнење 3.0, пак, значи дека за само половина час сме повторно подготвени за нови моменти.

Фото: Samsung
Креативноста започнува кај камерата. Galaxy S26 Ultra го има најдобриот Samsung систем на камери досега. Широко-аголната камера од 200 MP прима значително повеќе светлина, додека Телефото камерата овозможува појасни снимки дури и при зумирање. Тоа значи дека фотографиите во услови на слаба светлина се токму онакви какви што посакуваме. Ноќни концерти, роденденски забави, моменти од патувањата, сето тоа сега е уште појасно, поживописно и пореално. Подобрената функција “Nightography“ се грижи видеата во темница да бидат со помалку „шум“, додека “SuperSteady“ додава стабилност која е добредојдена при снимање во одење или при подинамични активности.
Сите модели од серијата Galaxy S26 се одликуваат со напредни вградени функции на вештачка интелигенција. Добрата основа, односно добрата фотографија или видео, е клучот за понатамошна обработка, која со новата серија веќе не бара професионално знаење од вас. Потребна е само вашата љубопитност и време за да ги испробате функциите.
Функцијата “Photo Assist“ овозможува со зборови да опишеме што сакаме да промениме, а телефонот тоа го разбира и го извршува. Можеме да го замениме денот со ноќ, да додадеме елементи на фотографијата или да отстраниме дамка од облеката. “Creative Studio“, пак, овозможува од скица, фотографија или опис да настане сосема нова визуелна идеја. Сето ова без префрлање помеѓу апликации и без чувство дека мора да бидеме професионални дизајнери.
Но, креирањето не завршува со уредувањето. Galaxy S26 знае да помогне дури и кога сме во брзање или сме дефокусирани. “Now Brief“ е тука за преку личен контекст, да креира потсетници и навреме да го информира корисникот за важни настани, да ги следи резервации и да асистира со агендата за претстојното патување. Сè се одвива тивко во позадина, како да имаме личен асистент кој ги познава нашите навики и ни ги олеснува ситните обврски кои брзо се насобираат во текот на денот.

Фото: Samsung
Уште повеќе простор
Кога создаваме многу содржини, брзо сфаќаме дека просторот во телефонот е секогаш премалку. Фотографиите и видеата од излетите, концертите, дружењата и сите оние спонтани моменти што сакаме да ги зачуваме, брзо се насобираат. Меморијата на телефонот се полни, па затоа е важно да имаме доволно простор за складирање за да можеме да уловиме сè што ни значи.
Samsung затоа во периодот на нарачки на новите уреди подготви специјална понуда која е многу едноставна и многу корисна. Од 25 февруари до 11 март 2026 година, купувачите можат да го дуплираат просторот за складирање и да заштедат. Со нарачка, меморијата автоматски се надградува на следното ниво, односно ако изберете модел со 256 GB, добивате верзија со 512 GB, без доплата. Станува збор за потег што Samsung го повторува веќе неколку години и кој им овозможува на купувачите да си обезбедат повеќе простор за иста цена, без дополнителни трошоци.

Создаваме сè повеќе и повеќе, па затоа ни се потребни телефони што можат да го следат нашето темпо. Не само со хардверска моќ, туку и со софтверска интелигенција која интуитивно нè познава и нè поддржува. Серијата Galaxy S26 е создадена токму за тоа. Да улови повеќе, да обработи побрзо и да се погрижи нашата креативност никогаш да не застане.