Мали прогласи тридневна жалост откако најмалку 44 лица загинаа во напад на екстремисти во таа африканска земја, објави владата во Бамако.
Неколку села беа нападнати во северниот регион Гао. Војската на Мали вчера соопшти дека е во потрага по сторителите.
Терористичките групи со години се активни во Мали и соседните земји, а некои од нив се поврзани со Ал Каеда и Исламската држава.