Во манастирот во Матка, вечерна богослужба и ноќно бдеење по повод Голема Богородица

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Православните христијани утре го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица во народот познат како Голема Богородица. Во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка, крај Скопје, одбележувањето на празникот започнува денеска попладне, со вечерна богослужба (18:30), а во 23.40 часот ќе започне сеноќно бдеење.

На денот на празникот утре со почеток во 08.30 часот ќе се одржи Света Божествена литургија со која ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.

Традиционално на денот на празникот во дворот на манастирот се одржува крводарителска акција.

-Ќе ни биде драго заедно со вас да и оддадеме почит и благодарност на нашата мајка и заштитничка – Пресвета Богородица која вистински не закрилува нас сите и заеднички достојно да го прославиме Нејзиното Успение, се вели во поканата за одбележување на празникот од сестринството на манастирот.

Жителите на Матка, Сарај, Ѓорче Петров, но и пошироко традицонално ден пред празникот и на самиот празник доаѓаат во манастирот да се помолат на Мајката Божја.

Слични содржини