Началникот на полицијата на украинскиот град Мелитопол, Олександр Мишченко, кој преминал на руска страна откако руските војници го зазедоа градот, е убиен, јавува Би-Би-Си.
Мишченко бил убиен кога на влезот од станбениот блок каде што живеел била активирана импровизирана експлозивна направа. Протераниот градоначалник на Мелитопол, Иван Федоров изјавил дека пребегнатиот полицаец е предавник.
„Патот на секој колаборант е предвидлив. Прво доаѓа предавство, па паника, а потоа масакр“, објавил Федоров на на својот канал на Телеграм.
Градот се наоѓа во областа Запорожје, еден од четирите региони кои на референдум одлучија да се приклучат на Русија. По Мариупол, Мелитопол е најголемиот град на украинска територија под контрола на руската армија.
Руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека експлозијата се случила во 5:20 часот по локално време. Во нападот се ранети двајца полицајци, од кои едниот им подлегнал на повредите во болница.
Британскиот јавен сервис соопшти дека видео снимките од местото на нападот покажуваат кратер до зградата и искршени стакла на возилата во близина.
Фото: Getty Images