Во MI6 стравуваат од сексуални диверзии на руски шпионки

од desk3
92 прегледи

Високи кадри од тајната разузнавачка служба на Велика Британија сметаат дека вработените на MI6 и членовите на нивните семејства можат да станат жртви на уцена од страна на претседателот Владимир Путин, кои бараат нови начини да се здобијат со доверливи информации, пишува Том Бечелер во британскиот весник The Daily Express .

20150427.nramcafoha

Во службена белешка се вели дека руските шпиони се обидуваат да ги направат вработените од тајната разузнавачка служба двојни агенти, наведува весникот. Меѓу приоритетните цели на руските служби се активни, така и пензионирани вработени.

Во MI6 стравуваат дека руските агенти ќе пуштаат во тек различни трикови: од притисок над самите вработени и нивните роднини до мито и мамки, па и жени-шпионки за да ги соблазнат жртвите заради информации.

Се смета дека проблемот претставува реална закана за безбедноста на Велика Британија, затоа вработените се повикуваат да ѕвонат на итен телефон секој пат кога странски агенти се обидат да воспостават контакт, пишува весникот.

Руските тајни служби остануваат многу активни и продолжуваат да воспоставуваат контакти со активни и поранешни членови на владата на нејзино Величество “- се вели во белешките.

Документот, исто така пропишува на поранешните вработени на MI6 што треба да прават ако странски агенти се обидат да воспостават со нив контакт, забележува Том Бечелор. Најнапред тие треба да изјават дека работеле во МНР. Потоа треба “учтиво да го откажат воспоставувањете на контакт и јасно да дадат до знаење дека ќе соопштат за инцидентот во одделот за безбедност во МНР при првата можност.

Според службата за безбедност, сега на територијата на Велика Британија се наоѓаат повеќе руски агенти, отколку за време на Студената војна. Според некои проценки во Обединетото Кралство се наоѓаат околу 80 агенти кои работат за Службата за надворешно разузнавање на РФ, пишува весникот.

“Заканата од страна на Русија расте со секој ден. Руските авиони, подморници и бродови се на нашите граници. Сега нивните шпиони се одлучија за цел да бидат нашите агенти. Ние се вративме во старите лоши времиња од студената војна “- цитира весникот извор од британското разузнавање.