Во минатото принцот Хари беше главен на журки, се дружеше со Канје, пиеше и се дрогираше… (ФОТО)

од Elena Daskalova
491 прегледи

Иако јавноста уште е шокирана од ненадејната одлука на принцот Хари и неговата сопруга Меган да се повлечат од кралските должности, познавачите на кралското семејство сметаат дека тоа било сосема очекувано.

Како што веќе сите знаеме, Хари отсекогаш бил свесен дека неговите шанси за да стане крал се навистина мали и дека во „трката“ за тронот пред него се татко му, брат му и децата на брат му. Поради тоа и воопшто не обрнувал внимание на кралскиот имиџ и често се однесувал скандалозно.

Откако конечно се „смири“ во бракот со Меган Маркл, таблоидите и понатаму копаат во минатото на принцот и бараат знаци кои поодамна покажувале дека вакво нешто ќе се случи.

Па така, на социјалните мрежи и низ таблоидите повторно кружат папарацо-фотографии од моментите кога принцот се дружел со славни личности, но и не ја криел својата алкохолизирана состојба, како и бројните врски и афери со повеќе девојки во неговата младост.

Постоеја повеќе наводи дека е уживател и на наркотични средства, а сето тоа го правел поради својата бунтовност и желбата да ѝ покаже на јавноста дека не се плаши да го прави она што му е забрането.

Слични содржини