Во Мјанмар издаден налог за апсење на познати личности поради поттикнување на граѓаните да протестираат

од Stefanija Kuzmanovska
277 прегледи

Воената хунта во Мјанмар денеска издаде налог за апсење на шест познати личности во таа земја поради охрабрување на протестите кои парализираа бројни владини агенции, а сето тоа по воениот удар во кој беше симната владата на премиерката Аунг Сан Су Чи, објави „Ројтерс“.

Од 1 февруари, кога се случи пучот, бројот на уапсените е близу 500, а илјадници луѓе се собраа денес на раскрсницата пред главниот универзитет во Јангон, најголемиот град во таа азиска земја.

Студенти се собраа и во другите делови на градот во знак на протест против притворањето на премиерката Су Чи.

Бројни моторџии во Јангон возеа во круг за да го покажат своето противење на пучот, еден ден откако луѓето извадија автомобили на улиците и се преправаа дека им се расипани возилата, за да блокираат полициски и воени возила да влезат во градот.

Меѓу луѓето кои беа поканети да се јават во полициската станица има режисери, актери и пејач и тие се товарат за охрабрување на демонстрантите да се приклучат на протестите.

Доколку бидат осудени, може да се соочат со затворска казна од две години.

Слични содржини