Во моментов Русија и НАТО имаат мобилизирано 100 000 војска, вежбите може да се претворат во вистински воен конфликт !?

од desk3
90 прегледи

Воените вежби во Европа од Русија и НАТО се нешто повеќе од воени маневри и самите прават можен вистински воен конфликт, предупредува новата студија. Според експертите од лондонскиот тинк-тенк “Мрежа за европско раководство”, до моментов се мобилизирани речиси 100 000 војници.

2110130186

Ново истражување направено претходно оваа година, открива дека воените вежби активно “придонесуваат кон климата на недоверба” ​​и водат до “опасно блиски судири” меѓу сили од Русија и НАТО, пишува “Индипендент”.

“Русија се подготвува за конфликт со НАТО, а НАТО се подготвува за можна конфронтација со Русија”, вели Иан Кирнс, директор на Мрежа за европско раководство и коавтор на студијата. Според извештајот НАТО планира вкупно 270 воени вежби оваа година, додека Русија ги обелодени плановите за 4000 вежби на сите нивоа.

“Историјата е полна со примери за лидери кои мислат дека можат да ги држат под контрола настаните и имаат навика да ги користат на свој начин инерцијата и динамиката”, вели уште Кирнс. Авторите на студијата ги покажале и претпоставените слаби точки на местата каде што се одржуваат најмногу вежби. НАТО спроведува вежби во Полска и балтичките републики, а Русија – во Арктикот, Крим и границите со Естонија и Латвија.

Мрежата за европско раководство објавиле и четири препораки кои “ако не може да се смират, тогаш барем да се намалат до минимум тензиите”. Меѓу нив се подобрување на комуникацијата, поголема употреба на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, како и нов договор, кој го ограничува распоредувањето на одредени категории оружје во одредени области.