Постојат различни теории за потеклото на Свети Валентин, но најпопуларната теорија е од времето на Римската империја за време на владеењето на Клаудиј Втори, во 270 година од нашата ера.
Денот на вљубените, празник поврзан со Свети Валентин, се слави на 14 февруари и припаѓа во датумите кои ги обележуваат католичката и протестантската црква, додека православната црква на овој ден го слави Свети Трифун, заштитникот на лозјата.
Официјално не е утврдено кој бил Валентин, поточно имало тројца маченици со името Валентин.
Сепак, најчесто се претпоставува дека се работи за Валентин од времето на Римската империја за време на владеењето на Клаудиј Втори, во 270 година од нашата ера.
Клаудиј, всушност, не сакал мажите да се венчаат за време на војни, бидејќи верувал дека невенчаните мажи се подобри војници. Бискупот Валентин се спротивставил на ова и организирал тајни венчавки. Поради ова, тој бил фрлен во зандана и егзекутиран на 14 февруари.
Во 1537 година, англискиот крал Хенри VII официјално го прогласил 14 февруари за празникот Свети Валентин.