За време на немирите во узбекистанската автономна област Каракалпакстан загинаа 18 лица, додека 243 се ранети, соопштија денеска властите во Ташкент.
Немирите избувнаа поради најавите за ограничувања на автономијата на Каралпакстан, пренесе „Ројтерс“.
Уапсени се 516 лица, но властите тврдат дека повеќето од нив се ослободени.
Претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев, изјави дека се откажува од менување на уставните одредби поврзани со автономијата на Каракалпакстан, но прогласи вонредна состојба во таа област, на северозападот на земјата.