Во Непал се урна авион со 72 лица, сите загинаа

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Патнички авион се урна во Непал, при што загинаа сите 72 патници и членови на екипажот, соопштија локалните власти.

Авионот „АТР 72“ на компанијата „Јети ерлајнс“ со 68 патници и четворица членови на екипажот се урна на летот од главниот град Катманду за Покара.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како авионот лета многу ниско само неколку моменти пред трагедијата.

Локалните медиуми јавуваат дека авионот се урнал додека се обидувал да слета на меѓународниот аеродром Похара.

Руската амбасада во Непал соопшти дека, според досегашните податоци, во авионот имало четворица руски државјани.

Причината за несреќата се утврдува.

Слични содржини