338
Нигериските власти во средата соопштија дека 100 жени и деца киднапирани на 8 јуни во провинцијата Замфара се ослободени на северо-запад на африканската земја.
За време на операцијата на киднапирање беа убиени четири лица, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Би-Би-Си.
Во регионот се случија низа киднапирања во последните месеци, а од декември 2020 година, повеќе од 1.000 луѓе се киднапирани во Нигерија.