270
По повод смртта на Ѓорѓе Балашевиќ, врз основа на одлуката на градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, 21 февруари беше прогласен за ден на жалост на територијата на градот Нови Сад, соопшти градската управа.
Балашевиќ почина на 67-годишна возраст во петокот, на 19 февруари, во Клиничкиот центар на Војводина.
Изминативе два дена луѓето низ цела поранешна Југославија се збогуваа со големиот текстописец и палеа свеќи на плоштадите, оставајќи цвеќиња, плишани играчки и пораки и пеејќи ги неговите песни.