561
Амазон го смени новото лого на својата апликација за смарт телефони откако корисниците рекоа дека изгледа како насмеан Адолф Хитлер.
Гигантот за трговија на интернет неодамна го заменил старото лого на количката во Амазон кутија со парче лента со нерамен раб на врвот на стрелата во облик на насмевка.
Клиентите рекле дека лентата изгледа како да е дел од лице, а логото повторно е променето откако некои рекле дека ги потсетува на мустаќите на нацистичкиот диктатор, пренесува „Мејл онлајн“.
„Се случи .. мојата икона за апликацијата Амазон конечно се ажурираше во картонски Хитлер“, рекол еден корисник.
Друг клиент одговорил: „Морав да ја преземам апликацијата на мојот телефон, да видам за што зборувате, а сега не можам да ја пронајдам“.