754
Се надевам дека денеска нема да има потреба од гласање доверба на владата. Во новото мнозинство ќе има пратеници на СДСМ и на ДУИ. Ова ви го гарантирам, само не знам дали ќе се оди со недоверба на Влада или Заев денеска ќе даде оставка, изјави денеска Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците.
Според негови информации, денеска Заев сам ќе даде оставка, со што се олеснуваат процедурите за почеток на преговори за формирање нова влада
СДСМ, додава тој, е целосно поделена по најавата за повлекување на Заев, а ДУИ ќе биде во опозиција за две до три недели.
– Мислам дека ДУИ е канцер на општеството и со нејзино заминување во опозиција се раѓа една надеж особено кај Албанците, смета Таравари.